Рафаел Надал со титула на егзибицискиот турнир на шампионатот Мубадала во Абу Даби ја започна 2016 сезона во тенисот.
Надал во финалето беше подобар од Милош Раониќ и стигна до третата титула. Првиот сет беше решен во тај-брејк со 7:6 за шпанецот, а вториот исто така го доби Надал со 6:3.
За Надал ова е добар почеток на новата година во која ќе се обиде да дојде до што подобри резултати и подобар ранкинг на АТП листата.
Наредниот предизвик е во Доха каде Надал е втор носител, а прв ривал Пабло Карено Буста успеа да го победи со 2-1 во сетови.
Во Абу Даби третото место го освои Давид Ферер кој го победи Стен Вавринка со 2:1 во сетови, додека како петти заврши Фелисијано Лопез откако го победи Кевин Андерсон со 2:0 во сетови.
Турнирот во Абу Даби претставува подготовка за најдобрите тенисери за новата сезона што почнува со настапи во Доха, во Ченај и во Бризбејн, а сите се загревање за првиот Гренд слем турнир, Австралија опен, што ќе започне кон средината на овој месец.