Лестер Бо Мекејлеб, до крајот на сезоната ќе настапува во дресот на францускиот шампион Лимож.
„Станува збор за квалитетен играч кој многу лесно се адаптира на новата средина, а квалитетот и својот талент го покажа и докажа во дресот на македонската кошаркарска репрезентација. Бо е еден од најдобрите плејмејкери во Европа“, соопштуваат од Лимож.
Бо Мекејлеб има настапувано за тимовите на Мерсин, Партизан, Монтепаски, Фенербахче и Баерн Минхен, а на почетокот на оваа сезона се обиде во претсезоната да се избори за договор во НБА тимот на Њу Орлеанс, но за жал не успеа.
Како ќе се снајде во евролигашот Лимож останува да видиме, а ние му посакуваме многу успех.