Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се повеќе се наоѓа на удар на навивачите на кралскиот клуб кои се незадоволни поради доминацијата на Барселона.
Сепак Перез има план да ја сруши каталонската екипа, а тоа подразбира и продажба на многу првотимци и ѕвезди во клубот.
Се претпоставува дека Перез во летниот преоден рок ќе стави 9 играчи на трансфер листата, а според некои информации тоа ќе бидат Бензема, Навас, Хесе, Иско, Арбелоа, Черишев, Крос, капитенот Рамос и најголемата ѕвезда Кристијано Роналдо.
Сите нема да бидат продадени, но Перез очекува 200 милиони евра од трансферите на овие фудбалери, со чии пари да почне да ја реновира екипата.
На врвот на листата желби се Роберт Левандовски, Еден Азар и Давид Де Геа, фудбалери со кои Реал Мадрид сака да изгради нов тим кој ќе ја прекине доминацијата на Барселона.
Доколку нешто сериозно не се промени до крајот на сезоната, на листата ќе се најде и тренерот Рафаел Бенитез.