Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром несреќно загубија во дербито на 17.коло во АБА лигата од подобро пласираниот тим на Мега Лекс со 77-76.
На тој начин металците ставија крај на победничката серија под водство на тренерската палка на Александар Јончевски.
Во драмата во СЦ Јане Сандански, Мега Лекс стигна до победа откако по последните 2 секунди погодија тројка кој ја постигна Данило Николиќ за минимална победа.
МЗТ и Мега Лекс одиграа исклучително квалитетен и неизвесен натпревар, преполн со пресврти, кој го реши Николиќ речиси со звукот на сирената.
Мега Лекс играше подобро во првото полувреме, кога стекна предност од 11 поени, но МЗТ Скопје во вториот дел успеа да го преземе водството со една одлична серија од 15:2.
Во последните 90 секунди се случуваше вистинска драма, кошаркарите на МЗТ не погодија пет од осумте слободни фрлања, а при резултат 76:74 за МЗТ, Данило Николиќ имаше мирна рака погоди тројка и на Мега и ја донесе 11-та победа во АБА лигата.
Урош Луковиќ со 17 поени и 7 скока, односно Данило Мијатовиќ со 16 поени го предводеа МЗТ Скопје, додека кај Мега Лекс се истакна искусниот Борис Савовиќ кој на дебито во новиот тим постигна 24 поени.
МЗТ по 17 натпревари во АБА лигата има скор од 7 победи и 10 порази и останата на 6-тото место, додека Мега Лекс со 11 победи и 6 порази се зацврсти на четвртото место на табелата во АБА.
Во наредното коло, кое на програмата е на 3.јануари, МЗТ Скопје ќе гостува кај Игокеа.