Пеп Гвардиола наводно го договорил својот трансфер во Манчестер сити на крајот од сезоната и ќе заработува неверојатни 25 милиони годишно, дури повеќе и од Меси во Барселона.
Тренерот во заминување од Баерн во Сити ќе стане најплатениот тренер во светот на сите времиња, а покрај тоа Гвардиола ќе биде повеќе платен и од најплатениот фудбалер на денешницата Лионел Меси, чии примања во Барселона се околу 20 милиони евра.
Клучна личност во трансферот е спортскиот директор на „граѓаните“ Чики Бегиристаин кој инаку е близок пријател со Гвардиола уште од времето кога настапуваа во каталонскиот клуб.
Ппеп Гвардиола минатиот викенд потврди дека ова лето, кога ќе му истече тригодишниот договор, ќе го напушти баварскиот гигант, а на негово место веќе потпиша италијанскиот стратег Карло Анчелоти.