Машката одбојкарска репрезентација на Македонија конечно во третиот меч од Златната лига стигна до победа.
Во Беверен, совладана беше селекцијата на Азербејџан со убедливи 3-0 во сетови (25-17, 25-17 и 25-18) за нешто помалку од 2 часа игра.
Па така по ова коло Македонија се израмни со Белгија (нашиот следен противник) на табелата со една победа и два порази и во сетови (4-6).
Со оваа победа Македонија си ги зголеми шансите за влез во плејофот и следната фаза од Европската Златна лига.
Во нашиот состав најдобри поединци беа Филип Савовски и Никола Ѓоргиев со по 15 поени.
Нашите ,,Спартанци,, утре од 15 часот играат против домаќинот на овој турнир тимот на Белгија.