(ВИДЕО) Ферари ги офарба болидите во плаво – Позната е причината за ваквиот потег

Loading

Претстојниот викенд се вози шестата сезонска трка во Формула 1 – Големата награда на Мајами во САД.

Ќе видиме дали некој ќе може да му парира на Макс Верстапен на оваа трка, што не беше случај буквално на ниту една трка сезонава (освен во Австралија каде што мораше да се пензионира), а Ферари се обидува да го „скрши проклетството“ на разни начини.

Така на трката во Мајами ќе отстапат од својот препознатлив идентитет и возачите нема да носат црвени „униформи“, туку сини.

Тоа не е случај само кај нив, бидејќи и болидите ја сменија бојата, па на места ќе бидат сини.

Најпрво дури се шпекулираше дека целиот болид ќе биде син, но на крајот тимот реши да ги „обои“ само предните и задните крила, капакот на моторот, страната на болидот, бандажите и „хало“ заштитата.

Причината поради која Ферари го промени својот „идентитет“ е тоа што за време на викендот на трката во Мајами се одбележуваат 70 години од нивното присуство во Северна Америка, па сакаа да го одбележат тој датум на посебен начин.

Во исто време, сè почесто гледаме дека тимовите ги менуваат боите на своите болиди, како и униформите на нивните возачи, од маркетиншки причини.

Претходно во својата историја, Ферари две трки беше во друга боја освен црвена. Но, тоа беше во далечната 1964 година кога се одлучија за бела и сина нијанса, а до ден денешен не ја замени црвената.

Ќе видиме како ова ќе им помогне на Леклер и Саинц кои моментално се на трети и четвртти во првенството.