„Мундо Депортиво“ пренесува дека Барселона сака да се засили со македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски!
Од шпанскиот медиум пренесуваат дека Димитриевски има договор до 30 јуни со Рајо Ваљекано и дека би бил идеална резервна опција за Тер Штеген.
„Стартниот голман на Рајо, Столе Димитриевски може да биде интересна опција без трошоци и големо искуство во Ла Лига. Овие фактори го прават сериозен кандидат за нов голман на Барселона. Во јануари 2022 година, Димитриевски беше блиску, а потоа откри дека имал договор со Каталонците, но не го потпишале“, пишува шпанскиот медиум.
Сепак и покрај големиот интерес на Барселона за нашиот голман, Димитриевски кажа дека сака да остане во Рајо Ваљекано.
Како викаат старите подобро врапче во рака отколку гулаб на гранка…. Подобро да биде стартер во послаб тим, отколку да грее клупа во голем клуб!
Погледнете ги неговите најдобри одбрани од минатата сезона….