Конечно се јави и Федерер – ,,Мислевме дека 15 гренслемови се плафон, но сите забораваат едно нешто за Новак,,

Loading

По неколкудневен молк, Роџер Федерер (41) проговори за победата на Новак Џоковиќ на Ролан Гарос.

Откако Рафаел Надал двапати му честиташе на Србинот, и Швајцарецот имаше убави зборови за својот голем ривал и призна дека е среќен за неговиот успех:

„Новак ја притисна својата 23-та титула и се чини дека ќе победува уште долго време. Тоа е одлично. И му посакувам се најдобро. Исто така, начинот на кој го прави тоа, тој веќе не е најмлад и го забораваме тоа, бидејќи изгледа младо и победува како да е млад, а тоа не е лесно. 

„Мислам дека е неверојатно тоа што го направи Новак. Одлично е за тенисот, одлично е за спортот, кога тенисот ја пишува сопствената историја. Се надоврзува на она што го видовме од Серена Вилијамс, од Рафа, од мене, сега од Новак. И ова е одлично време за тенис. Одлично е да се биде љубител на тенис, исто како што е одлично да се биде играч“, додаде Федерер.

Тој се осврна и на периодот кога почнал во деведесеттите….

„Се сеќавам кога дојдов на АТП турнејата и Пит Сампрас освои 14 Грен слемови. Мислевме: „Во ред, тој рекорд ќе трае вечно“. Верувам дека ќе продолжи да го прави тоа уште долго“, изјави Федерер.

фото: ap kin cheung, EPA Andy Rain

Федерер се пензионираше минатата година токму во присуство на Новак во Лондон, каде со солзи го играше Лејвер купот и во солзи се прости од активното играње.

Во текот на својата голема кариера, Федерер освои дури 20 Грен слем титули и долго време беше лидер во таа трка.

Последниот грен слем трофеј го подигна во 2018 година на Австралија опен, а најуспешен беше на Вимблдон каде осум пати беше шампион.