Флорентино Перез, претседателот на актуелниот европски шампион е бесен и како што пишува шпански Релево планира радикални промени.
Еден од нив е што нема да продолжи ниту еден договор кој истекува на крајот од сезоната, а меѓу нив се и капитенот Карим Бензема (35) и Лука Модриќ (38)
Од стадионот „Сантијаго Бернабеу“ заминуваат и Тони Крос, Дани Себаљос, Начо, Марко Асенсио и Маријано Дијаз.
Првиот човек на „кралскиот клуб“ сака да го префрли Алваро Родригез од младинската екипа во сениорите, а пристигнува и левиот бек Фран Гарсија од Рајо Ваљекано.
Исто така, Брахим Дијаз ќе се врати од двегодишна позајмица од Милан, а тренер и во следната сезона ќе остане Карло Анчелоти.