Кошаркарот на Реал Мадрид, Валтер Таварес имаше интересна комуникација со навивачите на Партизан, за време и по четвртиот натпревар од четвртфиналната серија на Евролигата што се играше во Белград.
Џинот на Реал (220 сантиметри) од Зеленортските Острови во моментов е најдобар играч на мадридскиот тим, а тоа го покажа и на натпреварите против црно-белите.
Партизан имаше предност од две победи по исто толку натпревари во Мадрид, но Реал оствари два триумфа во Белград. Во третиот натпревар, Таварес постигна 26 поени за речиси 36 минути игра, со 11 скока, 3 асистенции, 3 блокади и индекс 41.
Во четвртиот меч тој постигна 15 поени, со 7 скока, две украдени топки и две блокади, а потоа на социјалните мрежи одговори на видеото кое му го испрати еден од навивачите на Партизан.
На видеото се гледа детал од белградската „Штарк арена“ кога млад навивач од трибините се пошегува со Таварес подавајќи му рака, а потоа ја повлече….
Mali car 😁 pic.twitter.com/75oU9Y9qtw
— Nikola Jovanovic (@PeckoPivo) May 6, 2023
Можете да видите како реагираше центарот во таа ситуација, а тој на навивачот кој му го испрати видеото му одговори вака.
„Има деца“, со смајли кои „плачат“ од смеење.
Петтиот и последен натпревар во серијата ќе се одигра во среда во Мадрид.