Поранешниот фудбалер на колумбиската репрезентација Диего Осорио е уапсен откако полицијата на аеродромот во Меделин кај него пронајде речиси два килограми кокаин.
Тој на 8 април годинава се обидел да се качи на авион за Мадрид од Меделин со дури 1.849 грама кокаин, а полицијата му ја најде дрогата скриена во четири пара патики.
Осорио играше за Колумбијците во 1990-тите заедно со легендарните Карлос Валдерама и Рене Игуита.
Сепак, по завршувањето на неговата професионална кариера се тргна надолу. Од 1998 година се сврте кон криминалот.
За прв пат бил уапсен во 2002 година кога превезувал кокаин во Мајами, а потоа бил пуштен со кауција.
Пред седум години тој повторно беше уапсен во Богота, каде му беше изречена мерка куќен притвор.
Полицијата дури денеска ги информирала медиумите за апсењето на славниот фудбалер, јавува агенцијата АФП.