(ВИДЕО) Легендарната ,,Ла Бомбоњера,, заминува во историјата – Вака ќе изгледа новиот дом на Бока Јуниорс!

Loading

Еден од најпознатите стадиони во светот заминува во историјата!

фото: Getty Images

Познатата „Бомбоњера“, домот на фудбалерите на Бока Јуниорс, ќе биде ставен надвор од игра штом гигантот на аргентинскиот фудбал недалеку од таму го изгради својот нов стадион кој ќе се вика „Нуева Бомбонера“.

На социјалните мрежи оваа информација предизвика огромно внимание, а веќе се појавија и видеа како треба да изгледа новиот стадион.

Од старата локација ќе биде оддалечен само километар, а ќе се гради на необично место. Како што може да се види на видеото, новиот стадион на Бока Јуниорс ќе се гради во близина на местото каде што реката Матанца се влева во Атлантикот, што дополнително ќе ја зголеми атрактивноста на овој стадион.

ѓПогледнете како би требало да изгледа:

фото: YOUTUBE/SCREENSHOT/MUNDOBOCATV

Претседателскиот кандидат на клупските избори Хорхе Реале е еден од најгласните поборници на теоријата дека на Бока и е потребен нов стадион.

Според него, постоечкиот објект е премал за армијата навивачи на еден од двата најпопуларни клуба во Аргентина, па изградбата на нов дом треба да го реши тој проблем.

Стадионот Алберто Џеј Армандо, или „Бомбоњера“, моментално има капацитет од 54.000 седишта, додека Бока Јуниорс има над 315.000 регистрирани членови.

Импресивниот резултат, рекорден за Јужна Америка, го натера клубот да размисли како поголем број навивачи да присуствуваат на натпреварите, па стадионот „Нуева Бомбонера“ да биде двојно поголем.

Во моментов се зборува за капацитет од дури 112.000 места за фановите!

Претходно имаше идеи Бока Јуниорс да го купи земјиштето околу постоечкиот стадион и да изгради четвртина трибина, што ќе му даде асиметрија на стадионот.

Поради тој потег капацитетот би се зголемил за дваесет илјади седишта, но сега многу поверојатно е сино-жолтите да се решат за изградба на нов стадион.

Во следното видео од третата минута можете да видите како ќе изгледа стадионот….