Тешко им падна на многумина уште една неуспешна година за ПСЖ во Лигата на шампионите.
Вложените милијарди не се исплатија, а еден од оние кои најмногу разочара беше Серхио Рамос.
Но, Шпанецот ја направи најголемата грешка, не на теренот, туку по натпреварот. Не знаејќи дека камерите го снимаат, тој го пцуел клубот за кој настапувал.
„Ку.ва која го роди Париз е ку.ва“.
Клипот брзо стана вирален, а кога навивачите се свртеа кон поранешниот капитен на Реал Мадрид, тој мораше јавно се да објасни.
Искусниот стопер рече дека не го кажал зборот Париз, туку направил разочарувачки звук „пссс“ или „пффф“.
„Обично не навлегувам во оваа тема, но не сакам да признаам нешто што не се случило. Во ниту еден момент не реков Париз, само направив разочарувачки звук „псссс“ или „пффф“. Тоа беше се во контекст на изразот на кој сме навикнати да го кажеме во фудбалот. Не измислувајте, не барајте нешто каде што нема ништо“, изјави 36-годишниот.
Je n'ai pas l'habitude de m'étendre sur ce sujet, mais je ne veux pas reconnaître quelque chose qui n'est pas arrivée. A aucun moment je ne dis Paris, je fais un bruit de déception « pssss » ou « pfff »
[1/2] https://t.co/1kmsEnYHR6— Sergio Ramos (@SergioRamos) March 9, 2023
Сепак, ретко кој веруваше на зборовите на Шпанецот.
Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, па тешко е да се очекува дека ПСЖ ќе реши да го продолжи договорот со играч кој заработува 520.000 евра бруто неделно.