(ВИДЕО) Познати се првите двојки од нокаут фазата на СП 2022 во Катар

Loading

На Мундијалот во Катар, завршија натпреварите од групите А и Б по што веќе ги знаеме првите парови од осминафиналето. 

фото: Shutterstock

Со одигрување на 3-то последно коло во групите А и Б ги дознавме првите осминафинални двојки каде пласман обезбедија Холандија која со 2-0 го елиминираше домаќинот Катар и го освои првото место.

Во истата група, Сенегал оди понатаму откако во директниот дуел го совлада Еквадор со 2:1, на јужноамериканската селекција и одговараше и реми.

Во групата Б, Англија беше подобра од Велс со 3:0 и ја потврди лидерската позиција, а со нив во нокаут фазата оди и САД.

Американците во директен меч славеа против Иран со 1:0 за прв триумф и пет бода, додека на Азијците им одговараше и нерешено како и на Еквадорците.

Тоа значи дека во 1/8 финалето на 3 декември на стадионот „Калифа“ ќе играат Холандија-САД, а ден подоцна на стадионот „Ал Бајт“ ќе играат Англија-Сенегал.