(ВИДЕО) Зошто да биде едноставно кога може комплицирано – Промаши празен гол, но даде кош!

Loading

Во рамките на американската турнеја, Челзи ја победи Мексиканска Америка со 2:1 во првиот подготвителен натпревар.

фото: Printscreen/Twitter/@ESPNFC

Сите голови ги постигнаа „Сините“ од Лондон. Тимо Вернер во 55. минута и Мејсон Маунт во 83. минута, а Рис Џејмс во 60. минута си постигна автогол во својата мрежа.

Можеше да им се придружи и Хаверц кој играше во првото полувреме и имаше една колосална можност.

Во еден контранапад се најде пред славниот голман Гиљермо Очоа, го игнорираше соиграчот Хаким Зијеш и шутираше во горниот десен агол на голманот.

Сепак, тој го мина голот и веднаш се фати за глава, па не виде што се случи понатаму. Топката удри во оградата пред трибините, а по одбивањето заврши во пластична канта што беше таму.

Феноменален кош, од табла, од над 20 метри! И да шутираше во неа можеби ќе дадеше гол…