Познат е планот на најдобриот тенисер во светот Новак Џоковиќ.
Новак Џоковиќ нема да учествува на ниту еден подготвителен турнир пред почетокот на Грен слем турнирот во Лондон.
Ова е малку неочекувана одлука бидејќи Новак досега во кариерата ги навикна своите навивачи да учествува на барем еден турнир на трева.
Џоковиќ ќе биде прв носител на Вимблдон и покрај тоа што од понеделник повеќе нема да биде на врвот на АТП листата.
Новак шест пати ја освојуваше титулата во Лондон – во 2011, 2014, 2015, 2018, 2019 и 2021 година.