Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе го продолжи договорот со Милан на уште една година, објавија италијанските медиуми.
Ибрахимовиќ (40) сезонава беше важен дел во тимот на Пиоли, кој ја освои титулата во Серија А, прва по сезоната 2010/11.
Напаѓачот постигна осум гола на 23 натпревари во Серија А.
Како што објави Газета дело Спорт, Ибрахимовиќ е подготвен да потпише едногодишен договор. Договорот на шведскиот играч треба да содржи фиксен дел со симболична сума и профитабилни бонуси.
Следната недела ќе има средба со претставници на Милан.
По операцијата на коленото, Ибрахимовиќ ќе биде надвор од терените најмалку до јануари.