Најголемите светски спортски ѕвезди, седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон и една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Серена Вилијамс, сакаат да инвестираат во купувањето на фудбалскиот клуб Челзи.
Според Скај, Хамилтон и Вилијамс се меѓу инвеститорите кои имаат намера да вложат по 10 милиони фунти и да ја поддржат понудата на поранешниот претседател на Ливерпул и Бритиш Ервејс, Мартин Бротон.
Седумкратниот светски шампион и освојувачката на 23 грен слем титули веќе неколку недели се во преговори со Мартин Бротон, а засега е нејасно со кои правни лица ќе инвестираат во „сините“.
Се вели дека конзорциумот е поддржан и од претседателот на Светската атлетика, Себастијан Коу.
Извор близок до групата изјави дека додавањето на Хамилтон и Вилијамс е сериозна инвестициска одлука поради нивното искуство во градење светски спортски светски брендови, како и поради нивната посветеност во борбата за човекови права.
Беше забележано и дека учеството на оваа двојка не е првпат некои познати спортисти да имаат удел во Премиер лигата, бидејќи кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс е мал акционер во Ливерпул повеќе од една деценија.
Според плановите на конзорциумот Harris Blitzer Sports & Entertainment (HBSE), холдинг-компанијата предводена од американските милијардери Џош Харис и Дејв Блицер би имала контролен пакет акции во Челзи, а до крајот на договорот ќе мора да се ослободи од малцинскиот удел во Кристал Палас.
Други инвеститори во групата предводена од Бротон се канадското семејство на медиумскиот магнат Роџер, Џон Арнолд, кој ја предводеше кандидатурата на Хјустон за Светското првенство во 2026 година, и семејството Чаи од Тајван, сопственици на два бејзбол клуба.
Скај исто така изјави дека Алехандро Санто Доминго, наследникот на едно од најголемите богатства за производство на пиво и инвеститор во неколку северноамерикански спортски франшизи, инвестира пари.
Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович мора да го продаде клубот откако неговиот имот во Велика Британија беше замрзнат, поради наводните врски со рускиот претседател Владимир Путин во екот на воената интервенција во Украина.