Ракометарите на Вардар со победа ја започнаа новата сезона во Лигата на шампионите откако славеа нагости против Монпеље со 30:25.
Монпеље имаше предност од 12-9 по првото полувреме, но избраниците на Гонзалес со подобра игра во вториот дел направија комплетен пресврт се разиграа и бековите и крилата, па практично го прегази Монпеље постигнувајќи 21 гол за само едно полувреме, за конечни 30:25.
Најефикасни во победничкиот табор беа Тимур Дибиров и Македа со по 6 погодоци, а Тоскиќ имаше 5 гола.
Но како најзаслужен за победата на Вардар беше голманот Арпад Штербик кој го предводеше тимот со дури 17 одбрани.
Следниот противник на Вардар е тимот на Пик Сегед, а натпреварот се игра на 27 септември во Скопје.