Еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот, искусниот италијански стручњак Карло Анчелоти ќе мора да се врати на „училишна клупа“.
Тренерската лиценца на Анџелоти му истече на 31 декември, а УЕФА му испрати предупредувачко писмо на 62-годишниот Италијанец дека мора да го положи тренерскиот испит за да му биде продолжена лиценцата.
Човекот кој три пати ја освоил Лигата на шампионите и бил шампион во Италија, Англија, Шпанија, Германија и Франција (вкупно 21 трофеј), мора да положи испит за да го води Реал Мадрид?! Бизарно, нели…
Фудбалскиот сојуз на Шпанија веднаш и предложи на УЕФА дека тестирањето на Анџелоти е луда идеја. УЕФА се уште не одговорила…