Започна новата сезона во првата фудбалска лига на Македонија.
Шампионот Вардар одбраната на титулата ја започна со реми 2-2 против Шкупи или поранешен Слога Југомагнат на „Филип Втори“ арената.
Во другите мечеви кои се одиграа ден претходно Хоризонт Турново високо со 4:0 ја победи Ренова, а Сашко Пандев постигна два гола. Шкендија со 3-1 го победи дебитантот Младост од Царев Двор, а Силекс славеше на гости со 3:1 против Металург.
Во последниот натпревар од воведното коло во понеделникот Брегалница го победи Работнички со 1-0, а натпреварот беше последен поради обрвските на „дебармаалци“ во Лига Европа кој остана единствен наш претствник во второто по ранг европско натпреварување.