Се почесто се зборува за заминување на Пол Погба од Манчестер Јунајтед на крајот од актуелната сезона.
Погба има договор со „црвените ѓаволи“ до летото 2022 година, по што Французинот ќе стане слободен агент.
Се шпекулира дека Погба има желба да се врати во Торино за да премине во Јувентус, но проблем е неговата плата од 14 милиони годишно.
Јувентус не може да ја плати, но може Реал, кој исто така е заинтересиран за одличен играч за врска.