100 милиони евра Реал Мадрид плаќа за Обамејенг од Дортмунд!?

Loading

Реал Мадрид за фантастични 100 милиони евра го носи ова лето играчот на Борусија Дортмунд Пјер Емерик Обамејанг.

dort oba

Репрезентативецот на Габон ја игра својата најдобра сезона во кариерата и е во фантастична голгетерска форма, каде има 32 погодоци на 37 натпревари за „Милионерите“ со што го привлече вниманието на голем број гигантски клубови.

Обамејанг откри дека сонува да игра за Реал Мадрид, а доколку Дортмунд ја прифати понудата напаѓачот ќе го облече дресот на „Кралевите“ и ќе го оствари својот сон.

Според последните информации договорена е соработка, а Реал Мадрид за услугите на фудбалерот ќе плати помеѓу 90 и 100 милиони евра, но останува да видиме дали и колку има вистина во овие информации и шпекулации за трансфер и дали Дортмунд туку така ќе се откаже од својата ѕвезда со кого планира да го гради тимот во иднина.