Тренерот Роналд Куман од Саутемптон премина во Евертон!

Loading

Холандскиот тренер Роналд Куман договорил раскин на договорот со челниците на Саутемптон и до крајот на оваа недела најверојатно ќе биде назначен за нов тренер на Евертон, кои му врачија отказ на шпанецот Роберт Мартинез.

куман

Саутемптон би требало да добие околу 5 милиони евра обесштетување поради неговото заминување, а Роналд Куман во Ливерпул ќе пристигне заедно со неговиот брат Ервин и помошникот Јан Клутинберг.

Официјална потврда за превземањето на тренерското место на Куман на „Гудисон парк“ би требало да пристигне во текот на оваа седмица.