full screen background image
Последни Вести

Со проверени сили во поход кон одбрана на НБА титулата – Голден Стејт не го менува шампионскиот тим (видео+фото)

Шампионскиот тим на Голден Стејт ќе го гледаме во ист состав и следната нба сезона.

голден стејт

Челниците на шампионот и официјално ги продолжија договорите со Кари, Дурент, Игудала, Ливингстон, Пачулија и Дејвид Вест.

Сите овие кошаркари на Вориорси имаа статус на слободни агенти, но тоа веќе така не е.

Деталите од договорите не се соопштени, но медиуми во САД објавија дека. Кари потпишал петгодишен договор за сума од 201 милион долари, Дурент за две години ќе заработи 53 милиони долари, Игудала за три години ќе добие 48 милиони долари, а Ливингстон потпишал на три години за 24 милиони евра.

Пачулија и Вест исто така остануваат и ги продолжија договорите на уште една година, за сума од 3,5 милиони долари.

голден стејт1

Погледнете ја приказната за Голден  Стејт Вориорс и како дојдоа до нова титула….