Шампионот Хамилтон славеше во Канада, за втора победа по ред сезонава!

Loading

Актуелниот светски шампион во Формула 1, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Канада во Монтреал.

хамилтон канада

Хамилтон стигна до својата втора победа по ред, а 45-та во кариерата, со време од 1 час, 31 минута и пет секунди, за воедно 5-та победа во кариерата на патеката во Канада.

Пресудно за победата на Хамилтон беше и стратегијата, бидејќи Британецот влезе во боксот само еднаш, а неговиот главен конкурент во трката, Себастијан Фетел од Ферари направи два пит стопа.

Германецот од Ферари го освои второто место, а трет беше Валтери Ботас од Ф1 тимот на Вилијамс.

хамилтон канада1

Четвртото место го освои Макс Ферстапен од Ред Бул, петти беше Розберг, а шести Кими Раиконен од Ферари.

 

Бодови освоија уште и Даниел Рикардо од Ред Бул, Нико Хулкенберг од Форс Индија, Карлос Саинц од Торо Росо и Серхио Перес од Форс Индија.

хамилтон канада2

Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози следната недела во Баку за Големата награда на Европа.