full screen background image
Последни Вести

,,Докторот” Роси се доближи до водечката двојка со победа на трката во Каталуња!

Возачот на Јамаха Валентино Роси победи на трката за Големата награда на Каталуња што се возеше во Барселона.

роси

Популарниот Доктор до втората сезонска победа, 88-та во „кралската класа“ и 114-та во кариерата дојде пред возачите на Репсол Хонда Марк Маркез и Дани Педроса.

Легендарниот Италијанец, во Барселона, возеше брилијантна трка, стартуваше од петтиот ред, но на 19 кругови до крајот стигна до првото место, а во последните кругови успеа да го издржи налетот на Маркез кој на крајот го освои второто место.

роси3 роси2

Актуелниот светски првак и лидер оваа сезона Хорхе Лоренцо не ја заврши трката, Шпанецот на девет кругови пред крајот имаше дуел со Андреа Јаноне од Дукати па и двајцата не ја завршија трката.

Лоренцо ја загуби и лидерската позиција во генералниот пласман, па сега на првото место е Маркез со 125 бодови, Лоренцо има 110, а Роси е трет со 103 бода.

роси4 роси1

Следната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози на 26.јуни во Асен, Холандија.