Денеска е денот кога светот остана без најголемиот, пред 23 години загина Дражен Петровиќ

Денес се навршуваат 23 години од прераната смрт на најголемиот кошаркарски талент на поранешна Југославија и на Хрватска, „кошаркарскиот Моцарт“Дражен Петровиќ, кој на денешен ден загина во собраќајна несреќа во Германија.

петровиќ

Се се случи на 7 јуни 1993 година на автопатот кај Инглоштад, кога автомобилот со кого правуваше неговата девојка Клара удри во камион. Дражен настрада на лице место…

Веста за трагедијата брзо се прошири, светот остана без „кошаркарскиот Моцарт“.

Денеска 23 година подоцна, имаме шанса повторно да потсетиме на се што направи во својата богата кариера, која за жал ја заврши на трагичен начин.

Дражен на 15 години заигра во првиот тим на Шибенка со која освои титула во силното првенство на Југославија. Со репрезентациите на Југославија, а по распаѓањето на оваа држава и под знамето на Хрватска освои бројни светски одличја.

На врвот на Европа се искачи и во дресот на Цибона и на Реал, а кариерата ја продолжи и во НБА најнапред во Портланд, па во Њу Џерси.

петровиќ5 петровиќ6

Во таборот на „цибоси“ остана до 1988 година, кога потпиша за Реал Мадрид, а потоа дојде и очекуваното заминување во НБА-лигата. Играше за Портланд (1989-1991), а потоа во Њу Џерси каде беше најдобар стрелец. Во негова чест од клубот го повлекоа дресот со бројот 3.

Кога во прашање е репрезентативната кариера, со Југославија во 1989 постана шампион на Европа, најдобар играч на првенството, а година подоцна се радуваше на светската титула.

Со Хрватска во 1992 година играше финале на Олимписките игри, против Мајкл Џордан и „Дрим тимот“ кога го освои сребрениот медал.

петровиќ1 петровиќ3

На момчето кое освои скоро сè што можеше во Европа и кое беше на пат да стане еден од најдобрите НБА играчи сепак не му беше судено да го достигне својот зенит.