full screen background image
Последни Вести

Берлускони ќе го продаде Милан за пола милијарда евра?!

Силвио Берлускони и тајландскиот магнат Би Теачубол се договорија за продажба на Милан, а тоа значи дека „Росонерите“ ќе добијат нов сопственик.

Bee-Taechaubol1

Двете страни се согласиле во текот на вчерашниот ден да биде официјализирана оваа зделка, а тајландскиот милијардер би откупил 51% од акциите, додека останатите 49 би останале во сопственост на Берлускони.

Предвидена е и нивна продажба на берзата во период од една година, а како што стојат работите, најголем интерес за купување на овие акции има од владата на Хонг Конг.

milan

Нивната продажба ќе биде од голема важност бидејќи моменталниот долг на Милан изнесува 250 милиони евра, а овој износ не е вклучен во цената која Теачубол ја плаќа за купување на клубот.

Вредноста на Милан е проценета на околу 950 милиони евра, а Милан во претстојниот преоден рок ќе има на располагање околу 100 милиони евра за засилувања.

Сегашниот тренер Пипо Инзаги најверојатно ќе ја напушти оваа функција, а за негов наследник се споменуваат имиња како Антонио Конте, Лучијано Спалети и Винченцо Монтела.

ber-pip

Според последните информации од апенинините договор сеуште нема, а Берлускони и Би ќе работат на деталите околу истиот.

Сепак Силвио се уште не донел одлука за продажба на клубот, но и доколку дојде до такво нешто, тој ќе остане мнозински сопственик на Милан, што значи дека 51% ќе има тој, а останатите 49 ќе ги купи Би Теачубол.

Останува да видиме и чекаме како ќе се одвиваат работите во следните денови.