full screen background image
Последни Вести

Шампионот Лоренцо најбрз на првиот тест во Сепанг

И официјално започнаа тестирањата на патеката Сепанг во Мото ГП шампионатот со што започна и новата сезона 2016 во шампионатот во мотоциклизам.

jorge-lorenzo-motogp-yamaha

Тестирањето се одвива во овие три дена и ќе им овозможи на возачите и тимовите да ги направата првите подготовки на моторите според новите правила, но пред се и да се навикнат на новите пневматици од Мишелин.

Првиот ден од тестирањето на Сепанг го одбележа актуелниот Светски шампион Хорхе Лоренцо, кој забележа најбрзо време од 2m 0.684s, зад него се најдоа Валентино Роси и Дани Педроса.