full screen background image
Последни Вести

20 општини во Македонија ќе добијат модерни фитнес-зони

Агенцијата за млади и спорт распиша јавна набавка за избор на фирма која ќе постави спортска опрема на отворено, во парковите низ земјава во насока на реализација на новиот проект на АМС за изградба на нови урбани катчиња за спортување и рекреација.

fitnes park

Предвидено е да се изградат модерни фитнес-зони, со различни справи и реквизити за спортување и вежбање на сите граѓани, а особено на најмладите.

Фитнес-зоните ќе се поставуваат во парковите и други јавни површини во вкупно 20 општини во земјава, за што од страна на Агенцијата за млади и спорт се обезбедени околу 40 милиони денари, А изградбата се очекува да започне наесен.

Ова е еден од новите проекти на Агенцијата за млади и спорт и претставува продолжение на капиталните проекти за подобрување на спортската инфраструктура во целата држава.

Outdoor-Adult-Fitness-Parks

Покрај спортските сали, повеќенаменските и тениските терени, во следниот период Агенцијата за млади и спорт предвидува нови проекти за изградба на фитнес-зони, 150 игралишта за отворени и затворени пливачки базени како и нови скејт паркови за љубителите на адреналинските спортови.