Златан титулата му ја посвети на својот менаџер Раиола, а потоа кажа дали ќе продолжи да игра!

Loading

Златан Ибрахимовиќ и неговиот Милан го кренаа трофејот наменет за шампионот на италијанската Серија А.

фото: Profimedia

Титулата која Росонерите ја чекаа цели 11 години, маестралниот 40-годишен Швеѓанец му ја посвети на неодамна починатиот агент Мино Раиола.

„Ова е за Раиола. Сакаше да бидам во Милан, ми рече дека можам да го спасам клубот и да го вратам на највисоко ниво“, вели Ибра, откривајќи што сега би го советувал Мино:

,,Ќе ми кажеше да играм уште 10 години и да земам што повеќе пари“.

Ибрахимовиќ по освојувањето на трофејот зборуваше и за плановите за иднината.

„Ако се чувствувам добро физички, ќе продолжам да играм. Кога сум на теренот правам разлика“, изјави одличниот напаѓач.