ЖКК Бадел повикува на поддршка во пресрет на клучните дуели во ВАБА за пласман во Суперлигата!

Loading

Екипата на ЖКК Бадел 1862 се наоѓа пред двата најзначајни натпревара во својата клупска историја, кога станува збор за регионалната WABA кошаркарска лига.

Сезонава Бадел ги оствари првите две победи, против РМУ Бановиќи и Партизан со што се во позиција да се борат за пласман во следната фаза од натпреварувањето, односно за место во Суперлигата каде ќе учествуваат најдобрите 8 тима од двете групи по првата фаза.

Бадел 1862 во моментов е на четвртата позиција во групата Б со скор 2/5, пред Партизан со 1/5 и Бановиќи со 0/7. Победа против директниот конкурент Партизан, би им ја обезбедила четвртата позиција во групата која води во Суперлигата.

Првиот натпревар кон остварување на посакуваната цел е натпреварот против екипата на РМУ Бановиќи, кој што на програмата е утре на 01.12.2021 година, со почеток во 19:00 часот, натпревар кој што ќе се одигра во спортската сала Независна Македонија, Кисела Вода.

За таа цел, ЖКК Бадел ги подикува медиумите за поддршка со објавување на информации за настапите во WABA лигата а воедно и љубителите на кошарката да ги поддржат во салата “Независна Македонија“ во Кисела Вода.

Распоред на натпревари:
01.12.2021 – Бадел 1862 – Бановиќи (19:00 часот)
15.12.2021 – Бадел 1862 – Партизан (терминот дополнително ќе биде одреден)