Забраната останува на сила – Баражот без Русија, Полска оди во финале!

Loading

Судот за спортска арбитража (CAS) ја потврди одлуката на ФИФА за забрана за учество на Русија во баражот за Светското фудбалско првенство што оваа година ќе се одржи во Катар.

На 28 февруари, УЕФА и ФИФА одлучија да ги суспендираат сите руски тимови, како и националниот тим, од учество во нивните понатамошни натпреварувања.

Русија во полуфиналето од плеј-офот требаше да се сретне со Полска, но тој дуел нема да се одржи.

Полјаците во финалето го чекаат подобриот од дуелот помеѓу Шведска и Чешка.