Втора титула за Винченцо Нибали на Џиро Ди Италија

Loading

Велосипедистот на тимот Астана италијанецот Виченцо Нибали, втор пат во својата кариера, победи на популарната трка околу Италија, Џиро Д’Италија.

нибали

Нибали, ја освои четвртата голема титула во кариерата, покрај победите во Италија (2013, 2016), тој има и по една победа на Вуелта (2010) и Тур Д’Франс 2014.

Нибали, имаше заостанување од 5 минути во однос на Стивен Крујсвијк, кој падна за време на етапата и ја загуби предноста.

Нибали последната етапа ја возеше на розев велосипед, бидејќи му беше потребно само да ја заврши трката за да ја обезбеди вкупната победа.

нибали1 нибали2

Тој на крајот, во вкупниот пласман, имаше 52 секунди предност во однос на Естебан Чавес од екипата на Орик Грин Еџ, додека трет заврши Алехандро Валверде од Мувистар.

Инсерти од последната етапа…