Втор пораз на Вардар во СЕХА. Брест Мешков славеше со 28-27 во СЦ Јане Сандански

Loading

Ракометарите на Вардар забележаа нов пораз во СЕХА лигата.

meshkov1

Брест Мешков славеше во СЦ Јане Сандански со 28:27 и на Вардар му го нанесе третиот пораз во сезоната, втор во СЕХА конкуренцијата, а прв на домашен терен.

Белорускиот шампион во целост ги искористи сите слабости во играта на некомплетниот тим на Вардар и на крајот заслужено славеше.

Лошиот старт го натера Вардар да ја брка предноста на гостите, која успеа да ја стигне во 41.минута за 19:19.

Брест Мешков потоа повторно се одлепи на два голови разлика, а Вардар со голот на Брумен на 10 минути до крајот израмни на 25:25.

Вардар потоа пропушти три напади за да стигне до водство, но тогаш се истакна голманот на Мешков Чарапенка, а во нападот проработе Кристопанс кој со два гола го однесе својот тим до победата.

Душебаев со 6 голови беше најефикасниот играч на Вардар, додека Брест Мешков го предводеше Стојковиќ со осум голови.

Следен противник на Вардар во СЕХА лигата е Борац од Бања Лука.