Влезе во историјата на НБА лигата – Потпиша нов договор со Денвер, а од сумата боли глава!

Loading

Двократниот последователен МВП на НБА лигата Никола Јокиќ одново ги помести границите во лигата.

Овој пат го потпиша најголемиот договор на сите времиња во најсилната кошаркарска лига на светот.

Денвер Нагетс решија да го скршат сефот и тоа како. Тие богато го наградија двократниот МВП, кој долго време беше заштитно лице на франшизата.

Новиот петгодишен договор на Никола Јокиќ е вреден 264 милиони долари!

Договорот е така структуриран што во последната сезона српскиот репрезентативец ќе има опција за 60 милиони долари.

Јокиќ уште еднаш постави нов стандард во НБА, а кој прв ќе му парира наскоро ќе видиме.

Со оглед на тоа што селари капот се помести на 123.655.000 долари или 150.267.000 долари бруто.