Владимир Кличко доби шанса да ги врати појасите – Реваншот со Џошуа за крај на 2017 (видео+фото)

Loading

За некој месец повторно ќе гледаме мега судир помеѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко, откако ИБФ му дозволи на украинецот шанса за реванш.

entoni-dzosua1

Инаку, Џошуа требаше да се бори со предизвикувачот Кубрат Пулев, но ИБФ се реши да дозволи реванш меч со Кличко ако борбата се одржи пред 2 декември.

Така Кубрат Пулев се согласи да се бори против победникот од тој меч.

За потсетување Ентони Џошуа на 29 април оваа година го нокаутираше Владимир Кличко во 11 рунда во спектакуларниот меч кој се одржа на Вембли во Лондон.

„Во следните 2 недели ќе размислиме каде ќе се одржи реванш мечот“- изјавил Хеарн.

Инсерти од првиот меч и моментот на одлука…

https://www.youtube.com/watch?v=y-ZiPlCKK_M