Гран Канарија им врачи откази на македонците Мекејлеб и Хендрикс! (фото)

Шпанскиот клуб Гран Канарија по елиминацијата во 1/4 финалето од плејофот во Шпанија реши да им врачи откази на македонците Лестер Бо Мекејлеб и Ричард Хендрикс.

bo-mccalebb

Па така тие од следната сезона ќе мораат да си бараат нов ангажман откако клубот не им ги продолжи договорите на двајцата кошаркари.

Клубот исто така им посака среќа во понатамошните кариери, и им се заблагодари за стореното.

Мекејлеб оваа сезона одигра 35 средби за Гран Канарија во шпанската лига и 16 во Еврокупот, со просек од 10,2 поени и 3,5 асистенции за 20,8 минути по натпревар во лигата, а во Еврокупот, играше по 21,4 минути со 11 поени и 4,8 асистенции по натпревар.

Хендрикс пак во АЦБ лигата настапи на 31 средба, и имаше во просек по 6,4 поени и 4,2 скока за 14,3 минути по натпревар.

richard-hendrix

Во Еврокупот, Хендрикс играше на 15 меча, и просекот му беше 7,7 поени и 3,6 скока по натпревар.

Хендрикс беше дел од репрезентацијата на Македонија на ЕП во Загреб во 2015 година, а Мекејлеб е момчето кое на Македонија и го донесе 4-то на ЕП 2011 година во Литванија.