Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се подготвува за новата НБА сезона, прва по наградата МВП за најкорисен играч во регуларниот дел од лигата што ја доби минатата сезона.
Денвер сподели повеќе видео материјали на социјалните мрежи на кои се гледа како Јокиќ минува низ „физичкиот дел од подготовките“, но со многу поголема леснотија отколку што беше порано.
Се сеќаваме дека тој сакаше да јаде бурек и да пие газирани сокови, но целосно ја трансформираше својата исхрана и тело.
Да потсетиме, поради замор и напорна сезона, Јокиќ одлучи летово да не игра за репрезентацијата на Србија, која не се пласираше на Олимписките игри во Токио.
The MVP looks ready to defend his crown 👀 pic.twitter.com/lirzc3s1rI
— Denver Nuggets (@nuggets) September 2, 2021
Some wholesome workout content 🤗 pic.twitter.com/888xj1jf1z
— Denver Nuggets (@nuggets) September 3, 2021