ВИДЕО: Вистинска револуција во Арсенал – Во клубот пристигна Лео Месо!

Лео Месо пристигна во Арсенал. Фановите на „Тобџиите“ тријат очи, но последната буква од неговото презиме не се менува.

Тоа не е славниот Аргентинец Лео Меси, туку 10-годишно дете од Кенија. Како многу талентиран јуниор играч на Вест Хем, тој беше забележан од најголемиот лондонски клуб, а неговите родители логично ја прифатија понудата да се пресели на „Емирати“.

– Нашата иднина зависи од тоа како работиме со млади играчи и ги запознаваме со првиот тим. Врвните услови за работа отсекогаш биле главниот принцип на клубот и ќе бидат такви и во иднина – објавија од Арсенал, додека младиот Лео беше фотографиран со менаџерот на академијата, Пер Мертезакер.

Уште ако се покаже дека Месо има брат по име Кристијано Роналди …