ФОТО: Среќен роденден Новак – Еве каков специјален подарок доби од најблиските!

Loading

Најдобриот во светот и српски тенисер Новак Џоковиќ денес полни 34 години и продолжува да ја пишува историјата на белиот спорт.

Новак моментално е во Белград и се подготвува за турнирот во неговиот роден град, а за него беше подготвено изненадување.

Ноле дојде на терените на тенискиот центар Новак и го чекаше пријатно изненадување: специјален рекет, а на жиците е направен ликот на најдобриот тенисер во светот и торта во форма на тениски топки.

Изненадувањата не завршија тука, затоа што следеа честитки од тенисерите ширум светот, кои преку видео пораки му посакаа роденден на Новак и исполнување на сите желби.

Со насмевка на лицето, тој замисли желба, ги дувна свеќите, следеа честитки, пред сè на неговиот брат Џорџе, а потоа враќање на теренот и тренинг пред почетокот на турнирот „Белград опен“.