Видео: Ви ја претставуваме Лигата на шампионите во кошарка на ФИБА!

Loading

ФИБА ќе организира кошаркарски куп кој ќе го носи името, Лига на шампиони каде ќе учествуваат 56 клуба од 30 земји и во сезоната 2016/17 ќе бидат одиграни вкупно 300 натпревари.

basket cl

Натпреварите ќе се играат во среда и четврток, а во главната фаза од натпреварувањето ќе учествуваат 32 екипи, од кои 24 ќе обезбедат директен пласман, додека за останатите 8 места преку квалификации ќе се борат уште 32 екипи по систем на елиминации.

Првите натпревари ќе се играат на 27. септември, а главната фаза започнува 1 месец подоцна и ќе трае до февруари 2017.

Најдобрите четири од секоја група ќе се пласираат во плејофот, а по елиминациите ќе бидат познати и учесниците на фајнл-фор турнирот закажан од 28 до 30 април.

Во првата сезона клубовите ќе поделат скромни 4,5 милиони евра, а секој учесник има гарантирани 100.000 евра плус дел од приходите од тв правата.

basket cl1

Македонската кошаркарска федерација и официјално го поддржа проектот на ФИБА, па така се очекува македонскиот шампион да добие место во квалификациите.

Во продолжение погледнете ја најавата за новото кошаркарско натпреварување во Европа…