ВИДЕО: Вакво забивање во НБА не се гледа секој ден – Полета како супермен, сите се држеа за главите!

Кошаркарот на Шарлот Хорнетс, Мајлс Бриџис направи потег за кој уште долго ќе се зборува. Вакво забивање не се гледа секој ден!

Тој го стави Клинт Капела на постер, во лет кој не е од оваа планета.

Прво леташе покрај Богдан Богдановиќ во стилот на Супермен, а потоа монструозно ја заби топката преку Капела и „го однесе обрачот дома“.

Бриџис даде 23 поени, но неговите Хорнетси загубија од Хоукси со 105:101.

Фановите на социјалните мрежи се воодушевени и се споменува дека ова е најдоброто забивање во 2021 година.

Погледнете за каква магија станува збор и кажете ни ги вашите впечатоци во коментарите….