Одбојкарскиот натпревар помеѓу Перуџа и Сент Назер во ЦЕВ Лигата на шампионите не беше претерано интересен што се однесува до самиот терен.
Италијанскиот тим победи со максимални 3:0 во сетови, но се виде една ситуација која долго ќе се раскажува…
Имено, одбојкарот на францускиот тим Анри Леон во еден момент истрча да спаси една топка, но бидејќи не можеше да запре, удри во судиското столче.
И арбитерот и столчето паднаа, а се се случи без никакви последици или повреди.
На крајот предизвика само насмевки кај сите присутни иако не изгледаше тоа така…
Погледнете и сами како изгледаше сето тоа: