(ВИДЕО) Циркуз во Нигерија – Трагикомична ситуација и пример како се мести натпревар со пенал за историја!

Loading

Нигерискиот фудбал е далеку од најпопуларниот во светот, но кога веќе не можат да се пофалат со играчки квалитети и возбудувања, до сцената на светската јавност стигнаа со трагикомична ситуација.

фото: Printscreen/Twitter

Мора да бидеме слепи за да видиме како двата тима го решија исходот од натпреварот од ФА Купот на државата Огун во Југозападна Нигерија.

Средбата ја одиграа Ремо Старс и Љебо Јунајтед и покрај тоа што играта беше снимена со видео камера, тие се обидоа нивните потези да изгледаат што потеатрално.

Така, во изведувањето на пенали видовме два комични пенали – во едниот голманот не се ни помрдна, а во другиот изведувачот ја испрати топката под агол што ги крши сите закони на физиката и фудбалот.

Порака до сите – не ги местете натпреварите, но ако веќе го правите тоа, не се угледајте на Нигеријците.