(ВИДЕО) Струмица жени го доби дербито во првата женска лига со Наковски волеј со 3-1

Loading

Вистински празник на одбојката во Струмица откако на програмата во 7.коло се сретнаа досега непоразените тимови на Струмица жени и Наковски Волеј.

По голема борба во салата Димитар Влахов, Струмица жени славеше победа со 3-1 во сетови и го зачува максималниот ефект од стартот на првенството.

Уште во првиот сет се виде дека тоа се две израмнети екипи по квалитет откако и двата тима тргнаа одлично на двете страни со убави поени.

Наковски волеј беа тие кои први направија некаква предност и ја чуваа се до средината на првиот сет кога тргна машинеријата на Струмица жени.

Со голем пресврт на крајот успееја да го освојат првиот сет со 25-22 и да поведат со 1-0 во сетови.

Во вториот сет токму тие го диктираа темпото на игра и не им дозволија на своите сограѓанки да се вратат во истиот.

Сепак на крајот Наковски волеј не дозволи убедливо да го освојат вториот сет и истиот заврши со 25-21 во полза на Струмица жени за 2-0 во сетови.

Во третиот сет домашниот тим на Наковски волеј се врати во игра и намали на 2-1 во сетови откако го доби овој период со 25-21.

Во четвртиот сет Струмица жени одлично започна, направи солидна предност што Наковски волеј неможеше да го следи, па така со 25-17 го доби овој сет, но го доби и мечот со 3-1 во сетови.

По 7.кола Струмица жени сега е единствената екипа без пораз со скор од 7-0, додека втори се Наковски волеј со скор од 6-1.