(ВИДЕО) И уште еднаш Верстапен со нова 18-та победа во Ф1 – Славеше и низ улиците во Лас Вегас!

Loading

Холанѓанецот Макс Ферстапен стигна до нова 18-та победа во сезоната, откако победи и на трката ГН на Лас Вегас.

фото: REUTERS

За него тоа беше 53-та победа во кариерата и се израмни на вечната листа со Себастијан Фетел.

Само Михаел Шумахер (91) и Луис Хамилтон (103) се пред него.

Трката не започна добро за Верстапен, откако беше казнет со пет секунди на стартот. Но поради излегување на безбедносното возило тој ги надомести тие секунди и со сигурно возење до крајот успеа да дојде до нова победа во Формула 1.

Втор низ целта мина Шарл Лејкер од Ферари откако буквално во последните метри го мина Перез од Ред Бул кој стартуваше од 11-тата позиција.

Бодови уште освоија и Окон, Строл, Саинц, Хамилтон, Расел, Алонсо и Пјастри.

Во поредокот кај возачите Верстапен има 549 бода, пред Перез со 273 и Хамилтон со 232 бода.

Кај конструкторите титулата одамна ја освои Ред Бул. Собраа 822 бода до сега, но битката ќе биде за второто место за кое конкурираат Мерцедес и Ферари.

Мерцедес има 392 бода само четири повеќе од Ферари кои собраа 388 бода.

Последната трка од 2023 сезона во Ф1 ќе се вози следниот викенд на патеката Јас Марина за ГН на Абу Даби.