(ВИДЕО) Стадионот на великанот во очајна состојба – Фекалии на сите страни, навивачите во шок!

Loading

Култниот стадион на Манчестер Јунајтед, „Олд Трафорд“, со децении важи за еден од најдобрите и најубавите стадиони во Европа.

фото: IMAGO/Pro Sports Images/Phil Duncan

Необичниот дизајн и добрата инфраструктура отсекогаш биле карактеристика на домот на „црвените ѓаволи“. Но, по натпреварот со Саутемптон, еден навивач беше видно огорчен од фекалиите низ тоалетот, што го сними и твитна.

Навивачот во описот на видеото изјавил и дека ова не се случува првпат, дека на семејството Глејзер воопшто не му е грижа за стадионот и дека постојано го кријат од јавноста.

Во коментарите под видеото се огласија уште многу луѓе, дури и поранешен вработен кој напиша дека вака било кога работел во клубот во 2015 година.

Многу непријатни и грди сцени од стадионот кој секојдневно го посетуваат огромен број туристи и кој има статус на еден од најубавите во Европа и на кој се одиграа голем број важни натпревари.

Видеото кое се шири на социјалните мрежи за еден ден собра дури 4,3 милиони прегледи, а можете да го погледнете овде:

Се појавија гласини за продажба на клубот, кои многу навивачи со години го очекуваа, поради лошата трансфер политика, превисоките цени на билетите, а сега и поради многу лошата состојба на стадионот.

Шеик од Катар изјави дека Манчестер сака да го врати на победничките патеки, навивачите добија позитивна реакција.

Овој инцидент на стадионот е само една причина повеќе за луѓето кои со години повикуваат семејството Глејзер да го продаде Манчестер и да го напушти клубот.

Што се однесува до Манчестер Јунајтед моментално е во резултатска криза, по „дебаклот“ против Ливерпул во дербито, одиграа 0-0 против Саутемптон во 27. коло од Премиер лигата.

Доказ за лошата игра и атмосфера на теренот е и црвениот картон на Касемиро кој исто така падна во форма како и целиот тим.

Тие се уште трети на табелата, но Тотенхем се доближи на два бода разлика, па до крајот на сезоната ќе се води борба за позицијата која води во Лигата на шампионите, иако многумина најавија борба дури и за трофејот.